„За енергетската криза вистинско решение е само европското“

од Stefanija Kuzmanovska

Германскиот вицеканцелар и министер за економија Роберт Хабек оцени дека единствено ефикасно решение за енергетската криза е она на ниво на ЕУ, како и дека едностраните чекори на државите само ќе доведат до зголемување на цената на енергија на пазарот.

Хабек за виенскиот весник „Стандард“ изјави дека во Австрија има посилна дебата отколку во неговата земја за цената на енергетските производи.

„Во Германија како Влада разговаравме за два пакета за растеретување на граѓаните бидејќи и во Германија има голема загриженост. Но, дебатата за субвенционираните цени е поизразена во Австрија“, објасни тој.

Хабек на прашањето дали е против тоа, доколку не се усогласи во Европа, рече дека смета дека за ова прашање може да се разговара само на европско ниво.

Тој предупреди дека едностраните мерки на државите може да доведат до зголемување на цените на пазарот.

Слични содржини