За излез од земјава се чека околу еден час

од Nikola Popovski

На граничните премини од македонска страна за излез на ГП Табановце времето на чекање е 1 час, за излез на ГП Ќафасан се чека 15 минути, а на ГП Богородица времето на чекање за излез е околу 1 час. На другите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Од таму препорачуваат приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични содржини