За јакнење на капацитетите на МВР намален приправничкиот стаж на полицајците

од Vladimir Zorba

За зајакнување на капацитетот на Министерството за внатрешни работи Владата донесе уредба со која траењето на приправничкиот стаж на полицаец – приправник се скратува од шест на пет месеци.

Полициски час

-Владата донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за внатрешни работи за време на вонредна состојба со која се утврдува дека приправничкиот стаж на полицаец – приправник кој има склучено договор за вработување во Министерството за внатрешни работи на 1 ноември 2019 година согласно членовите 99 и 102 од Законот за внатрешни работи, трае пет месеци, соопшти владината прес-служба.

Уредбата е донесена заради прогласената вонредна состојба во државава која наложува ангажирање на целокупниот капацитет на организациските единици во рамки на МВР, вклучително и полицајците – приправници.

На овој начин, стои во соопштението, ќе се овозможи дополнителен број полициски службеници, согласно потребите, динамиката, обврските и задачите што ги има полицијата, за спроведување на одлуките, препораките, заклучоците и мерките што ги утврдува Владата.

Слични содржини