За Левица двојазичноста е нелегална, но сака да прави сојуз со Албанците

од Берта Китинска

Во програмата и кампањите на партијата Левица доминира анти-албански тон. Тие бараат укинување на Законот за јазици, каде што двојазичноста ја нарекуваат илегална, укинување на националните партии, а нивната омраза кон Албанците оди дотаму што бараат и повлекување на признавањето на Косово.

Апасиев со неговите изјави, но и програмата на неговата партија според која се води, својот рејтинг го гради со анти-албански ставови, но сепак, сега тој ги моли токму албанските партии да ја поддржат неговата иницијатива за рушење на владата.

Очекувајќи сите да заборават за неговите ставови и заложби, тој сега упатува барања до албансктие партии да ја поддржат иницијативата која ја скроија заедно со Мицкоски. Овие исти партии кои до вчера ги нарекуваше националистички и кои според неговата програма треба да бидат забранети, сега сака да му бидат коалициони партнери.

Како очекува Апасиев париите кои се залагаат за прогрес и евроатланска иднина на Северна Македонија, да се здружат со човек кој е анти-ЕУ, анти-НАТО и сака да не скара со сите соседи.

Партијата Левица во својата програма повикува на итно отчленување од НАТО пактот и воспоставување на стратешко партнерство со Кина. Освен тоа, во меѓународните односи, Левица бара и отповикување на признавањето на Косово, Израел и Јужна Кореја, а признавање на Палестина, Каталонија и Баскија.

Дополнително, во делот од програмата посветен за Обвинителство, Левица ветува „процесуирање на незастарливите т.н. Хашки случаи од 2001 година („Мавровски работници“, „Водството на ОНА“ и др.), како најтешки кривични дела извршени против човечноста и меѓународното хуманитарно право, како и „кривичен прогон против сите учесници во илегалната и шверцерска промена на уставното име Република Македонија (премиер, министер за надворешни работи, пратеници, обвинители, судии, новинари, активисти и др.).

Слични содржини