Актуелно
Почетна / Спорт / За мене Шумахер никогаш не беше најдобриот возач на светот, шокира неговиот син

За мене Шумахер никогаш не беше најдобриот возач на светот, шокира неговиот син

Мик Шумахер, наследникот на големиот шампион во Формула 1, ја објасни ситуацијата во славното семејство.

Наследникот на славниот Михаел Шумахер, за чија состојба скоро ништо не се знае од тешката несреќа што ја доживеа додека скијаше на крајот на 2013 година, напиша отворено писмо за неговиот славен татко.

– Тој отсекогаш бил мојот татко на прво место. Лекциите и советите што ги добив не ги земам здраво за готово. Еднао од нив е никогаш да не бидам премногу еуфоричен ниту премногу депресивен – напиша Мик, кој заедно со својата сестра Џина Марија и мајката Корина, секогаш биле центар на светот за Михаел Шумахер.

– Многу рано сфатив дека сакам да бидам возач во Формула 1, да бидам шампион. Скокнав во картинг кога имав три години, се натпреварував на национално ниво на осумгодишна возраст. На возраст од 11 или 12 години, знаев дека сакам да се бавам професионално со тркање – пишува Мик, кој не си дозволи да се вознемири од товарот на славното презиме.

– Користев различни имиња, бев инкогнито за да докажам дека не сум „син на тато“. Јас разбирам сè, татко ми е петкратен последователен шампион во Формула 1 во годините по моето раѓање. Тоа е прилично неверојатно, зар не? Но, јас никогаш не го гедав татко ми како најголем возач на светот, вели тој.

loading...