ЗА МИРОТ СЕ ЗАСЛУЖНИ ЛУЃЕТО, порача кралицата по повод стогодишнината од Северна Ирска

од Stefanija Kuzmanovska

За мирот кој трае во Северна Ирска заслужни се луѓето, порача кралицата Елизабета Втора.

Обраќајќи се по повод стогодишнината од создавањето на Северна Ирска, таа изјави дека тоа е „важна годишнина и за Велика Британија и за Ирска“.

„Оваа годишнина нè потсетува на нашата комплексна историја“, рече таа.

Таа додаде дека тоа е „можност да размислиме за нашата заедница и разликите“.

Пораката е објавена точно сто години по основањето на државата, на 3 мај 1921 година.

Беше донесено законодавство што создаде граница во Ирска за прв пат и доведе до поделба.

Кралицата ја истакна „богатата мешавина на идентитет, потекло и аспирации“ на Северна Ирска.

„Генерациите на лидери кои имаа визија и храброст да го стават помирувањето пред поделбите се одговорни за политичкиот напредок и мировниот процес“, рече кралицата.

„Пред сè, мирот што трае се должи на луѓето на чии плеќи лежи иднината“, додаде таа.

Им оддаде почит „на нашите пријатели и најблиските соседи“ за мирот во Северна Ирска.

Се присети на посетата на Ирска пред десет години, кога престојуваше таму со принцот Филип.

Со најдобри желби, таа рече дека со генерации „луѓето во Северна Ирска избираат да изградат инклузивно, прогресивно и исполнето со надеж општество, зајакнато со мировниот процес“.

„Тоа нека ни биде водич во наредните години.

Слични содржини