„За многу години“:  Шилегов и Заев ќе имаат среќна и бериќетна година (ФОТО)

од Берта Китинска

Денеска православните христијани го слават Рождеството Христово – Божик. Премиерот Зоран Заев се пофали дека токму нему му паднала паричката.

„Ја споделувам оваа среќа со секој наш граѓанин, нека ни донесе надеж и верба во подобро утре. Бадник и Божик нека донесат мир и топлина во секое срце и во сечив дом.За многу години!“, напиша Заев.

Воедно и градоначалникот на Скопје, Петр Шилегов, на својот Фејсбук профил објави фотографија од Бадниковата трпеза и откри дека кај него се паднала паричката.

„За многу години нека е Бадник! Здравје за сите. Да сте ми живи и здрави“, напиша Шилегов.

Според верувањата паричката носи среќа и бериќет во текот на целата година.

Слични содржини