За несреќата свесно не дававме коментари три дена, вели Мицкоски

од Берта Китинска

Во врска со тешката автобуската несреќа во Бугарија во вторникот,  лидерот на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски рече дека свесно  три дена не давале коментари и им изрази сочувство на семејствата на загинатите.

-Смета дека треба да има морална одговорност на надлежните министри и институции и дека овој немил настан, е само продолжение на корупцијата, криминалот и нефункционирањето на државните институции што почна со несреќата во Ласкарци и површната истрага во ’Дурмо турс’ и продолжи со кабелот во модуларната болница во Тетово, кажа Мицкоски.

Слични содржини