За Нобелова награда за мир досега пријавени дури 329 кандидати, меѓу нив и ТРАМП

од Stefanija Kuzmanovska

Досега се пријавени 329 кандидати за Нобелова награда за мир за 2021 година, што е најголем број досега и е повеќе од рекордната 2016 година, кога на крајот се пријавија вкупно 376 кандидати.

Досега се пријавени 234 поединци и 95 организации, и иако не се објавени имињата на кандидатите, оние што номинираат кандидати можат јавно да го соопштат името на нивниот кандидат, па затоа е познато дека меѓу кандидатите повторно е Светската здравствена организација, Vaccine Alliance (GAVI), Коалицијата за иновации за време на епидемијата (Цепи), пренесува „Фигаро“.

Меѓу кандидатите се повторно и Доналд Трамп, неговиот зет Џаред Кушнер, престолонаследникот на ОАЕ, Мохамед бин Зајед ел Нахајан, Грета Тунберг, Алексеј Навални, белоруската опозиционерка Светлана Тихановскаја и многу други.

Кандидатите за Нобеловата награда се чуваат во тајност, и може да бидат номинирани од членови на парламентот и министри од сите земји, поранешни лауреати, универзитетски професори.

Нобеловиот комитет ќе го објави својот избор на 8 октомври.

Слични содржини