Вкупно 51 прекршок од возачи на мотоцикли биле откриени во периодот од 17 часот вчера до 1 часот ноќеска, кога СВР Скопје извршил зајакната акциска контрола по Оперативната акција Безбеден сообраќај, Превентива и Темел.
Од 51 мерка преземена од полицајците, седум се санкции за возење без возачка дозвола, 25 мерки за управување мотоцикл без заштитна кацига, три мерки за управување мопед без положен испит за познавање на сообраќајните правила и прописи, осум санкции за управување мотоцикл со несоодветна категорија, две мерки за минување со мотоцикл на црвено светло, три мерки за незастанување на даден знак Стоп од полицаец.
Одземени се два мотоцикла поради измината важност на сообраќајната дозвола од над шест месеци.
За време на сообраќајната контрола санкционирани се и 104 други видови на сообраќајни прекршоци.
Исто така, во текот на изминатата вечер во СКопје контролирани се осум угостителски објекти во координација со Државен пазарен инспекторат при што констатиран е еден прекршок, легитимирани се 66 лица, а извршени се прегледи на 23 лица и осум патнички возила.