Оревите се важни за исхраната. Не само што се полни со корисни хранливи состојки, вклучуваат и полинезасичени масти, феноли, витамин Е, и тони антиоксиданси, тие можат да имаат изненадувачко влијание на целокупното здравје.

Освен тоа, богати се со влакна, протеини, витамини и минерали. Затоа воопшто не е чудно што резултатите на различни истражувања покажуваат дека редовната консумација на ореви може да го намали ризикот од срцеви болести, некои облици на рак и дијабетес тип 2.

Во најновото истражување, научните од Универзитетот Скрентон во американската држава Пенсилванија ги анализирале антиоксидантите во неколку видови јаткасти плодови: ореви, бадеми, кикирики, фстаци, лешници, бразилски и индиски ореви.
„Оревите се рангирани над останатите јаткасти плодови. Една шака ореви содржи речиси двојно повеќе антиоксиданти отколку истата количнина на било кои други јаткасти плодови. За жал, луѓето не консумираат доволно јаткасти плодови. Нашето истражување покажа дека во склоп на здравата исхрана треба да се јадат повеќе ореви“, изјави водичот на истражувањето Џо Винсон.

Експерите советуваат да ги јадете свежи, а не обработени, бидејќи така им се намалуваат антиоксидативните својства. Но, многумина ги избегнуваат јаткастите плодови мислејки дека ќе ја зголемат својата тежина, но тие содржат здрави полинезаситени и мононезаситени масти кои не доведуваат до запушување на крвните садови, како и заситените масти.

Затоа, ако јадете јаткасти плодови нема да се здебелите, туку експертите советуваат дека ќе изгубите на тежина, бидејќи тие создаваат чувство на ситост.

„Седум ореви дневно е идеалната количина за максимална здравствена корист“, заклучи доктор Винстон.

Слични содржини