За прв пат без Роналдо и Меси: Ова се 3 кандидати за УЕФА играч на годината

од Aleksandar Petrovski

Лионел Меси и Кристијано Роналдо имаа сезона за заборав во Лигата на шампионите, а тоа влијаеше на УЕФА да не ги стави имиња барем на еден од нив меѓу тројцата кандидати за наградата за прв пат во последните 10 години, колку што се доделува наградата за играч на годината во модифицирана форма од сезоната 2010/11.

Победник ќе биде Роберт Левандовски, Мануел Ноер или Кевин де Бруин, бидејќи се најдоа во најтесна конкуренција.
Победникот ќе биде познат на 1 октомври, кога ќе се одржи ждрепката за групната фаза во Лигата на шампионите.

Нема сомнение дека главен фаворит е Роберт Левандовски, поради титулата што ја освои со Баерн, како и поради нереалната сезона во која беше најдобар стрелец во Лигата на шампионите со 15 погодоци.
Последните 14 години Меси или Роналдо, и најчесто и двајцата заедно, секогаш биле на списокот меѓу најтесните кандидати за наградата. Ова ќе биде првпат никој од нив да не биде таму, што секако претставува своевидна нова историја на европскиот фудбал.

loading...

Слични содржини