Македонија по затоплувањето ан доброседските односи за првпат ќе го прими светиот оган од бугарски митрополит. На  социјалната мрежа, бугарското свештенство организирало емитување во живо на местото на патријархатот на преносот на Блажениот оган.

На 7 април, наутро Митрополитот Антониј ќе лета во Ерусалим. Тој ќе отпатува со владиниот авион  со одлука на премиерот. Предвидено е да слета во Софија во саботата, околу 19.00 – 20.00 часот.

Огнот ќе биде чуван во Синодалната капела до околу 23.45 часот, кога со литија се носи во патријаршиската катедрала “Св. Александар Невски” за пасхалната богослужба.

Предавањето на светиот оган е само пријателски гест на БПЦ

Од МПЦ пак веќе информираа дека  на 7 април на Велика сабота  митрополит од МПЦ на аеродромот во Софија ќе ја чека бугарската делегација која треба да слета од Ерусалим и од неа ќе  го превземе Благодaтниот оган.