За прв пат од 10 март нема смртни случаи во Белгија

од Vladimir Zorba

Во Белгија, која беше најзагрозена од коронавирусот од земјите со средна големина, не се регистрирани смртни случаи во последните 24 часа, за прв пат од 10 март.

Како и многу други европски земји кои беа погодени од епидемијата во март и април, бројот на заразени во Белгија е намален со воведување мерки за затворање, кои сега се олеснети, пренесува Ројтерс.

Вкупниот број на смртни случаи пријавени од белгискиот Институт за јавно здравје е 9.787.

Земјата е дом на 11,5 милиони луѓе, што значи дека околу 850 луѓе починале на милион жители, што е најлошиот биланс во светот по Сан Марино.

Највисок дневен пораст на бројот на смртни случаи е на 12 април, кога се забележани 343 смртни случаи.

Во Белгија се израмни кривата на растот на бројот на заразени лица, а во последните седум дена дневниот просек беше 95, што сепак е пораст од 11 проценти во однос на претходната недела.

Вкупно 62.781 луѓе се заразени во земјата од почетокот на епидемијата.

Слични содржини