Актуелно
Почетна / Спорт / За прв пат сите осминафиналисти во ЛШ се од најдобрите 5 лиги во Европа

За прв пат сите осминафиналисти во ЛШ се од најдобрите 5 лиги во Европа

Вчера се одиграа последните натпревари во групите во Лигата на шампионите и станаа јасни сите учесници во плеј-офот на турнирот. Импресивно е што сите 16 екипи се членови на најдобрите 5 европски првенства, без исклучок.

Интересно е да се напомене дека не сите учесници во групната фаза од турнирот, кои ги претставуваа најдобрите 5 лиги на Стариот континент – Шпанија, Англија, Германија, Италија и Франција, успеаја да се квалификуваат во осминафиналето. Тие беа вкупно 19, а 3 беа елиминирани – италијански Интер, германски Баер Леверкузен и француски Лил.

Како што е познато, за следната фаза се пласираа: Реал Мадрид, Барселона, Атлетико (Мадрид) и Валенсија (Шпанија), Тотенхем, Манчестер Сити, Ливерпул и Челзи (Англија), Аталанта, Наполи и Јувентус (Италија) Минхен, Борусија Дортмунд, Лајпциг РБ (Германија) и ПСЖ и Олимпик Лион од Франција. Во понеделник, 16 декември ќе се одржи ждрепката за 1/8-финалето.

loading...