За прв пат усвоена Програма за водостопанство, издвоени 916,000,000.00 денари

од Stefanija Kuzmanovska

Владата денеска ја донесе Програмата за водостопанство за 2021 година која се донесува за прв пат и за која во Буџетот за 2021 година се издвоени 916,000,000.00 денари.

Средствата од Програмата за водостопанство за 2021 ќе бидат наменети за изградба, реконструкција, набавка и одржување на основните водостопански објекти за наводнување и надзор над изведбата; за изготвување елаборати, студии и техничка документација за реконструкција и рехабилитација на инфраструктурата во системите за наводнување; за обврски по започнати и недовршени работи по веќе склучени договори од претходните години за изградба на Брана Конско, за изградба на Брана Речани со придружни објекти и за изградба на Главен довод од ХС Равен – Речица.

На предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање, Владата денеска ја донесе и Програмата за инвестирање во животната средина за 2021 година за која за оваа година се предвидени средства во износ од 98.000.000,00 денари.

Доделувањето на средствата за проекти од оваа Програма ќе биде врз основа на дефинирани критериуми кои ќе го земат во предвид и критериумот за рамномерен регионален развој, согласно степенот на развиеност на планските региони во Република Северна Македонија, утврдени во Јавниот конкурс, а дел од нив се наменети за поддршка на мерки и активности за намалување на загадувањето на воздухот и за мерки за заштита и унапредување на природата.

Слични содржини