Актуелно
Почетна / Сцена / За прв пат во историјата, „Batwoman“ е бисексуалка

За прв пат во историјата, „Batwoman“ е бисексуалка

Актерката Хавиција Лесли, која претходно глумеше во комедијата „God Friended Me“ на ЦБС, е новата „Batwoman“, пишува Си-Ен-Ен. Таа треба да дебитира во оваа улога на CW во јануари 2021 година.

„Искрено сум горда што сум првата афроамериканска актерка што ја игра култната улога на „Batwoman“ на телевизија. Како бисексуална жена, чест ми е што се приклучив на ова револуционерно шоу, што беше пресвртница за заедницата на ЛГБТК + “, рече таа.

Нејзиниот лик ќе се вика Рајан Вајлдер и таа ќе биде лезбејка. Таа е опишана како симпатична, неуредна, малку груба и непослушна.

Лесли е позната по своите улоги во сериите „The Family Business“, како и во романтичната комедија од 2019 година „Always a Bridesmaid“.

loading...