За првпат без маски и дистанца од почетокот на пандемијата: Одржан концерт пред 50.000 луѓе (видео)

од Nikola Popovski

Група од Нов Зеланд одржа концерт пред 50.000 луѓе на стадион во Оукланд, што е најголем настан од ваков вид во светот од почетокот на пандемијата на коронавирус.

„Што е Нов Зеланд, конечно сме тука“, рекол пејачот на „Сикс60“, Метју Волтерс, на концертот.

Групата не само што прва направи голем концерт од почетокот на пандемијата, туку е и првата што свири на „Еден парк“ – рагби стадион во Оукланд, објави новозеландскиот портал „Нзералд“.

Публиката на концертот не носела заштитни маски и не било задолжително да се држи физичка дистанца.

„Среќен сум што ова е единственото место во светот каде можеме да го сториме ова“, изјавил еден од посетителите за „Хералд“.

Луѓето играле и пееле, а атмосферата била целосна како коронавирусот воопшто и да не се појавил.

Само 33 случаи на Ковид-19 се моментално активни во Нов Зеланд.

 

Слични содржини