За првпат блокадата е во наши раце – треба да допреме до сите пратеници, вели Маричиќ за уставните измени

од Nikola Popovski

Сметам дека нема да дозволиме ние да бидеме пречка за нашиот интегративен пат. За прв пат во историјата, блокадата е во наши раце. Процесот ќе продолжи и ќе се развива, повтори вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ за почетокот на уставните измени и внесување на бугарското малцинство во Уставот како дел од предлог-преговарачката рамка на С. Македонија со ЕУ.

Маричиќ најави дека и германскиот претседател ќе дојде во посета на земјава.

-Тоа е внимание во наша полза и од нас како ќе продолжиме понатаму и дали ќе продолжиме. Треба да допреме до сите пратеници и парламентарни групи за да дојдеме до пакет од 80 кој ќе биде поддржан, одговори вицепремиерот на новинарско прашање.

Според него, секоја членка од ЕУ има право да учествува на билатералниот скрининг и да поставува прашања.

-Ние тоа што го кажуваме тука ќе го кажеме и во Брисел. Ние сме држава со добро досие поврзано со слободота на изразување и слободата на здружување. Сме ги испочитувале сите пресуди на ЕСЧП и сме ја консултирале Венецијанската комисија за многу сериозни законски решенија и ќе продолжиме во тој дел, додаде Маричиќ.

Тој истакна дека е задоволен како се одвива скринигот досега.

-Сите се подготвуваме интензивно за билатералниот скрининг. Подготвени сме да одговориме на што е можно повеќе прашања на европската комисија на лице место, рече Маричиќ.

Слични содржини