За првпат оваа година: Велика Британија нема починати од корона

од Nikola Popovski

Денес во Велика Британија не се пријавени смртни случаи од коронавирус, првпат од март 2020 година.

Бројот на новоинфицирани во последните 24 часа е помал од претходниот ден – 3.165 во споредба со 3.383 потврдени во понеделникот, објави Би-Би-Си.

Овие податоци беа објавени во време на зголемена загриженост за малото зголемување на бројот на лица заразени со индиската варијанта на короната.

Министерот за здравство Мет Хенкок изјави дека „нацијата ќе биде задоволна“ кога ќе дознае за оваа информација и рече дека е јасно дека вакцинацијата дава резултати.

Слични содржини