За првпат по 2002 година мируваа мрежите на Ел класико (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Првото Ел класико во сезоната меѓу Барселона и Реал Мадрид заврши без голови 0:0. Последен пат кога двата фудбалски гиганта одиграле без голови се случи во 2002 година.

Реал создаде повеќе шанси дури и постигна погодок преку Бејл во 73. минута но оправдано беше поништен заради офсајд по прегледувањето на ВАР снимката.

Барселона и Реал Мадрид остануваат на врвот на табелата во Примера со по 36 бода, а на третата позиција е Севилја со пет бода помалку.

Слични содржини