За првпат после 2 мај: Под 10 000 заразени во Русија, 40 проценти се асимптоматски случаи

од Nikola Popovski

Бројот на пациенти со коронавирус во Русија се зголемил за 9.974 лица за 24 часа и достигнал вкупно 252.245 лица, соопшти Оперативниот штаб.

„Во последните 24 часа, потврдени се 9.974 случаи на инфекција со Ковид-19 во Русија во 84 региони. Од тој број, 4.049 (40,6 проценти) се асимптоматски“, се вели во соопштението.

За прв пат од 2 мај, бројот на луѓе кои страдаат од коронавирусот во Русија падна под 10.000 луѓе дневно. Според податоците на Штабот, дневниот раст паднал од 4,3 проценти на рекордно ниско ниво од 4,1 процент.

Во текот на горенаведениот период, 97 луѓе починале, додека 5,527 се опоравиле.

Досега околу 4.300.000 луѓе во светот се заразени со коронавирусот.

Слични содржини