За сите кои бараат инспирација за подобар секс со партнерот или само се интересираат за што сонуваат другите луѓе, најголемиот британски сајт за запознавање „IllicitEncounters“ направи истражување за да открие што се најчесто машки, а што женски сексуални фантазии.

Меѓу 2.000 анкетирани жени, повеќето рекле дека сонуваат да имаат секс на отворено; на плажа, во шума или под ѕвездите.

Фантазија број еден на мажите е да снимаат порно филм во нивна режија.

Истражувањето покажа дека фантазиите не се невообичаени за двата пола, но факт е дека повеќето луѓе ги кријат од партнерите – дури 32 отсто од мажите и 31 отсто од жените.

Сепак, повеќето од нив; 74 проценти од мажите и 67 проценти од жените; мислат дека имаат „малку настрана линија“.

Експертот за врски Џесика Леони вели дека многу луѓе започнуваат афера затоа што нивните партнери не сакаат да ја задоволат нивната „чудна“ страна, па предноста на онлајн запознавањето е тоа што можат да бидат искрени од самиот почеток и да кажат што би сакале и да бараат луѓе со слични интереси.

– Проблемот во долгите врски често настанува затоа што овие желби на поединецот се развиваат и личноста станува посвесна за нив, а со тек на време сфаќа дека партнерот не сака ништо такво и никогаш нема да може да ги задоволи – изјавила Леони и прецизираше дека, иако сајтовите за запознавање имаат свои предности, таа не препорачува афера да биде одговор на сексуалните проблеми.

10 најчести женски фантазии:

– Секс на отворено
– Секс со врзани очи
– Пирсинг на јазикот или гениталиите на мажот
– Играње улоги
– Секси костими
– Снимање секс
– Доминација / потчинување
– Играње со храна
– Лисици и камшици
– Врзување

10 најчести машки фантазии:

– Снимање порно
– Играње улоги, особено со униформи
– Врзување и камшикување
– Секс на отворено
– Секс во тројка
– Гума / латекс и кожа
– Доминација / потчинување
– Пирс на женско тело
– Играње со храна
– Секс со врзани очи

Слични содржини