За сјајна рерна потребни се само овие две состојки

од desk4

Истурените сосови, трошки и остатоци од изгорена храна – нечистотијата и маснотиите што тешко се чистат се собираат во рерната секој ден. Но, наместо да користите средства за чистење кои содржат многу хемикалии, пробајте само две природни состојки за ефикасно чистење на рерната – сода бикарбона и оцет, пренесува TheKitchn.

Маслиново масло како средство за чистење?

Маслиновото масло е одлично за нашето здравје, но и за чистење
Отстранете ги решетките од рерната, како и се што чувате во неа, и оставете ги настрана. Во мал сад измешајте 1/2 чаша сода бикарбона со неколку лажици вода. Доколку е потребно, прилагодете ги пропорциите додека не добиете паста што може да се премачкува. Премачкајте ја пастата на внатрешната површина на целата рерна, особено на многу замасните области. Оставете ја смесата од сода бикарбона да отстои најмалку 12 часа или преку ноќ. Во меѓувреме, исчистете ги решетките на рерната. По 12 часа, земете влажна крпа за садови и избришете колку што е можно повеќе сува паста од сода бикарбона.

Ставете малку оцет во шише со распрскувач и прскајте насекаде каде што се уште можете да ги видите остатоците од сода бикарбона. Оцетот ќе реагира со сода бикарбона и нежно ќе се пени. Земете влажна крпа и избришете ја преостанатата пенеста смеса од оцет и сода бикарбона.

Повторете го процесот додека не исчезнат сите остатоци од сода бикарбона. Доколку е потребно, додајте повеќе вода или оцет додека бришете за да ја направите рерната навистина чиста и сјајна.

 

Слични содржини