За скандалот со дипломатот: МВР требало да постапи по издадената црвена потерница од Интерпол

од Берта Китинска

Во разговор за Утрински брифинг професорката Фросина Ременски вели веста за протераниот дипломат не е  афера, туку скандал кој може слободно да се именува на свесно пропуштање и неисполнување на обврзувачки полициски оперативен акт издаден преку Интерпол преку кој исклучиво морало да постапи МВР.

-Во овие неколку дена додека се пројевуваат различни инфромации, и секој си ишка мувата од капата, скоро и никој да не зборува кој и во каков механизам треба да постапи по црвена потерница по Интерпол.Сега доаѓаме до многу поголем апсурд, зошто ако ние ги побараме нашите државјани кои се во екстрадикционен притвор во други земји, реално може да очекуваме одговор зошто нашето МВР не постапило по истата црвена потерница по која постапиле хрватските или српските полицајци на граничните премини или генерално на полицијата, додаде Ременски.

Слични содржини