ЗА сликање,навреди и притисоци на гласачи НАСИЛНИЦИТЕ МОЖАТ ДА ЗАГЛАВАТ ВО ЗАТВОР ДО 5 ГОДИНИ

од desk4

 Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ги повика граѓаните да пријават на бројот 192 доколку забележат дека се неовластено снимани при гласањето на референдумот, a Јавното обвнителство соопшти дека таквите дејствија ќе бидат предмет на приоритетно постапување.  

 

Секое сликање или снимање на гласачите при остварување на нивното право, како и објавување на фотографии на гласачи претставува попречување на правото на гласање и е забрането со закон, потсети вчера Јавното обвинителство. Оттаму велат дека таквите дејствија преземени во текот на процесот на гласање, ќе бидат предмет на приоритетно постапување на јавното обвинителство.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ги повика граѓаните да пријават на бројот 192 доколку забележат дека се неовластено снимани при гласањето на референдумот. Тој апелираше доколку граѓаните забележат дека фотографија од нив се појави на социјалните мрежи да го пријават тоа на адресата [email protected].

Кривичните дела против изборите и гласањето, вклучувајќи ги и референдумите, се уредени со посебна глава во Кривичниот законик и за нив следуваат затворски казни.

Во случај на повреда на слободата на определување на избирачите, дело опишано во член 160 од Кривичниот законик, предвидена е казна затвор до една година, ако со употреба на сила, сериозна закана, измама или на друг начин се присилува или се спречува друг да го врши, да не го врши или да го врши избирачкото право во определена смисла.

За повреда на тајноста на гласањето, според член 163, предвидена е затворска казна до шест месеци. Ако делото го стори член на избирачки одбор, изборна комисија, одбор за спроведување референдум или друго службено лице во вршењето на службата во врска со изборите или гласањето, предвидена е казна затвор до три години.

Најстрога е казната за делото спречување избори и гласање. Според член 158, предвидена е казна затвор од шест месеци до пет години, ако со употреба на сила, сериозна закана или на друг начин се оневозможува или спречува одржување избори или гласање или се оневозможува или спречува утврдувањето или објавувањето на резултатите од гласањето.

Слични содржини