За трансферот на Роналдо издвоени 60 милиони евра

од Stefanija Kuzmanovska

Кристијано Роналдо пристигна во Јувентус во 2018 година со трансфер вреден 100 милиони евра, а според италијанските медиуми не е невозможно Португалецот повторно да го смени своето живеалиште. Во Италија се споменува сè погласен трансфер во еден од неговите поранешни клубови, кој е подготвен да издвои 60 милиони евра.

Имено, Calciomercato пишува дека Манчестер Јунајтед покажал „голем интерес“ за враќање на Португалецот на „Олд Трафорд“.

– „Црвените ѓаволи“ подготвуваат понуда од 60 милиони евра, пишуваат Италијанците.

Бидејќи Роналдо во февруари полни 36 години, а неговиот договор истекува за една година, Јувентус наводно го поздравува трансферот, што ќе покрие голем дел од инвестицијата. Роналдо и претходно беше поврзуван со потенцијален трансфер во Манчестер Јунајтед, но на крајот тоа не беше реализирано.

– Тој сака да се врати и да ја освои Премиер лигата! Тоа е неговиот мотив, пишува споменатиот портал.

Слични содржини