За в понеделник е закажана седницата за интерпелацијата на вицепремиерот Димитров

Во понеделник продолжува седницата во Собранието, на кое предвидена точка на дневен ред е интерпелацијата на вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров.

Имено, како што е познато неколкумина од владејачкото мнозинство не се присутни на седниците, па оттаму Џафери смирува и објаснува дека за расправа по однос на точка на дневен ред не е потребно да се присутни сите пратеници во Законодавниот дом. Впрочем кога ќе дојде време за гласање по одредена точка, Џафери вели ќе организира посебна седница каде ќе бидат присутни пратениците.

Меѓудругото, Џафери се согласи и со констатацијата дека тоа е практичен излез од ситуацијата во која се наоѓа Собранието, потенцирајќи го кворумот и мнозинството.

Џафери вели дека за поддршка на сите закони се разговара и со опозициските партии, но не можеше конкретно да каже кои закони би можело да се очекува да бидат поддржани од нив во текот на следниот период.

Слични содржини