За важечки ќе се сметаат и гласачките ливчиња без печат

од Nikola Popovski

Државната изборна комисија денеска на седницата донела одлука за измена на уптаството за важечки и неважечки ливчиња која е целосно спротивна на одредбата што стои во Изборниот законик.

Со денешните измени, важечкото гласачко ливче ќе се брои и без печат ако ги исполнува сите останати услови според Изборниот законик, односно ако се заокружи редниот број пред носителот на листата или пред кандидатот и каде може да се потврди изборот на избирачот. За неважечко ливче ќе се смета кога неправилно заокружено или се заокружени повеќе опции.

Членовите на ДИК при носењето на упатството се повикале на членовите 110 и 115 од Изборниот законик  во кои се наведува дека изборното ливче е важечко доколку „на сигурен и недвосмислен начин може да се утврди за која листа на кандидат, односно листа на кандидати избирачот гласал“.

На 31-ви се одржува вториот круг од седмите локални избори во земјава.

ДИК во четврток ќе ги дистрибуира гласачките ливчиња и изводите од Избирачкиот список за вториот круг од Локалните избори до Општинските изборни комисии, а во петок ќе се доставуваат терминалите за отпечатоци од прсти.

Слични содржини