За влез во Македонија се чека до еден час

од Nikola Popovski

На граничниот премин „Табановце“ времето на чекање за влез и излез од државата е околу еден час, информираат попладнево од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Од таму додаваат дека на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ГП „Блаце“

Од српскиот Автомото сојуз соопштија дека патничките возила чекаат да ја поминат границата и да излезат од државата кај Прешево дури повеќе од пет часа.

Слични содржини