За ВМРО-ДПМНЕ признанијата за „Титаник“ значат користење на обвинителството и судството како општинска организација на СДСМ?

од Vladimir Zorba

„Ја разбираме нервозата во СДСМ поради слабиот рејтинг и поради тоа што многу брзо ќе треба да се соочат со одговорност за криминалот кој го прават сложно со ДУИ. Обвинувањата на СДСМ доаѓаат од партијата чиј што долгогодишен лидер, а сега претседател во сенка Зоран Заев е аболиран за криминал кој неговиот пиун Ковачевски здушно го брани“, реагираат од Белата палата на пресот на Каевски, на кој упадна нивниот портпарол Стоилковски.

„Но кога веќе покажуваат јавен интерес да говорат за криминал, јавно прашуваме како младиот пратеник и поранешен директор на АМС Дарко Каевски со државна плата за една година се стекнал со имот од три стана и куќа. Како во последната година го зголемил својот недвижен имот за скоро 170 метри квадратни станбена површина?

Како Каевски е единствениот триесетгодишник кој на сметка има 4 милиони денари, а не е иноватор или ИТ инженер, од каде му се парите?

СДСМ да престане да го користи обвинителството и судството како своја општинска организација“, додаваат од партијата на Мицкоски.

Слични содржини