За ВМРО-ДПМНЕ вонредната состојба била злоупотребена од техничката влада

од Берта Китинска

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласат за потврдување на петте одлуки на претседателот Стево Пендаровски.

Така било одлучено на денешната координација на пратеничката група на партијата, така што е извесно дека одлуките што шефот на државата ги донесе по предлог на техничката влада нема да бидат потврдени во овој собраниски состав, затоа што за тоа е потребно двотретинско мнозинство.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека одлуките на претседателот биле донесени за справување со здравствената криза, а според нив ситуацијата сега е полоша. Исто така сметаат дека вонредната состојба била злоупотребена од техничката влада за да се носат уредби, кои не биле неопходни.

Пратеникот Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека владата ги злоупотребила одлуките за вонредна состојба и тие ја промашиле целта

 

Слични содржини