Зелената агенда на ДУИ започнува да се спроведува . Субвенциите за вградување плин во автомобилите Министерството за економија ќе го реализира од денес.

Право на субвенции ќе имаат сопствениците на автомобили произведени по 2005-та кои од утре па во следните два месеци ќе вградат плински уред. За оваа мерка се издвоени 11 милиони денари од државниот буџет.

Граѓаните кои ќе вградат ваков уред ќе имаат можност да аплицираат за поврат на 50% од трошоците, но не повеќе од 300 евра.

“Субвенционирање на граѓани кои ќе вградат уреди за течен гас , метан и друг вид на алтернативно гориво во возилата. Оваа мерка за првпат беше спроведена во 2019 та гдина кога беа субвенционирани на д 730 граѓани кои вградија вакви уреди во возилата“, посочи министерот за економија Крешник Бектеши.

Документацијата потребна за пријавување на јавниот повик во Министерството за економија е следната.Пополнето барање и изјава од подносителот на барањето, фискална сметка со сметкопотврда или фактура, копија од сообраќајната дозвола за возилото заверена на нотар, фотокопии од лична карта и трансакциска сметка каде министерството треба да ги уплати субвенциите.

Јавниот повик ќе биде објавен денес. Огласот ќе трае 60 дена на принципот прв дојден прв услужен. За оваа мерка од буџетот се одвоени 11 милиони денари.

Слични содржини