За време на полицискиот час 15 лица се шетале слободно

од Берта Китинска

Од 20.00 часот (14.04.2021) до 05.00 часот (15.04.2021) констатирано е дека 15 лица не ја почитувале забраната за движење, информираат од МВР.

Во однос на мерката за носење на лична заштита лице во текот на изминатото деноноќие (14/15.04.2021) на територијата на Република Македонија регистрирани се 480 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

Слични содржини