За време на полицискиот час само одредени маркети ќе работат

од Берта Китинска

Забраната за движење на населението на територија на целата држава, од денеска почнува во 16 и завршува во 5 часот наутро во работните денови. Во деновите од викенд (сабота и недела) ќе има целодневен полициски час за сите граѓани, односно од 16 часот во петок до 5 часот во понеделник.

Фото: Локално.мк

Што се однесува до маркетите за време на полицискиот час, ќе бидат прилагодени со своето работно време согласно забраните за движење на територијата на државата и непречено да го организираат работниот процес.

Општинските кризни штабови треба да определат маркети кои ќе обезбедуваат најнеопходни намирници за врема на забраната за движење, а оние маркети кои се регистрирани да вршат достава на храна преку он-лајн порачки, непречено да ја извршуваат својата работа во сабота и недела.

Со новата одлука на Владата се задолжуваат Општинските кризни штабови, во соработка со Министерството за внатрешни работи да го организира движењето на лицата волонтери што ќе ги доставуваат најнеопходните намирници до домовите на граѓаните.

Слични содржини