Донесена е одлука за исплата на штетите од елементарни непогоди што ги претрпеа земјоделците во 2016, 2017 и 2018 година.
– Висината на обештетувањето ќе биде 10% од вкупно проценетата вредност. Со одлуката се опфатени 35 елаборати поднесени од 29 општини, ќе бидат обештетени над 9.100 граѓани и правни субјекти, информираат од Влада.
Владата донесе одлука и за исплата на обештетување за штети од елементарни непогоди врз земјоделските посеви во 2021 година.
– Во општините Росоман, Демир Капија, Ранковце, Карбинци и Богданци, вкупниот процент за обештетување за сите 5 општини е 10% од проценетата штета. Со одлуката ќе бидат исплатени 1.072 физички лица и правни субјекти, додаваат тие во соопштението.

Слични содржини