За ѕвездата на Тотенхем заврши карантинот: Мора да служи воен рок

од Nikola Popovski

Лондонскиот клуб потврди дека овој месец Сон Хеунг-Мин ќе ги изврши обврските во родната земја.

Сон се врати во Јужна Кореја на крајот од март и во моментов е во карантин, а по неговото завршување ќе биде ставен во нова улога.

Тотенхем ќе може да смета на услугите на Сон во мај, после служењето на воениот рок.

Бидејќи паузата во Премиерлигата трае поради пандемијата на коронавирус, отсуството на Сон нема да влијае врз тимот.

Слични содржини