Забележан драстичен скок на заболени од Ковид-19 во Австрија

од Vladimir Zorba

Во Австрија, во изминатите 24 часа, се забележува драматично зголемување на бројот на новозаразени со коронавирус, кој повторно достигна трицифрен број, за прв пат од средината на април.

Според Министерството за здравство, бројот на ново заразени лица се зголемил во однос на вчерашниот ден за 107 случаи.

Најголем број новозаразени е регистриран во провинцијата Горна Австрија со дури 61 случаи.

На второто место е Виена со 24, по што следат Стирија со 9, Долна Австрија со 7, Тирол со 3, Салцбург со 2 и Бургенланд со 1.

Во последниве денови, бројот на новозаразени се менуваше помеѓу 25 и 60, но забележан е раст.

Од почетокот на епидемијата на вирусот во Австрија, позитивно се тестирале 17.778 лица, од кои 16.491 се излечиле.

Во моментов, хоспитализирани се 74 пациенти, од кои девет се на интензивна нега.

Од почетокот на епидемијата, на крајот на февруари, тестирани се вкупно 620.866 лица.

Слични содржини