Забележан првиот смртен случај од беснило во Нов Зеланд

од Stefanija Kuzmanovska

Здравствените власти на Нов Зеланд денеска соопштија дека посетител од странство починал од беснило, па на тој начин оваа болест прв пат била откриена во земјата.

Лицето, кое почина минатата недела во болница во Окленд, било заразено во странство и било дијагностицирано во Нов Зеланд, каде и било лекувано, соопшти денеска тамошното мнистерството за здравство, пренесува „Блумберг“.

Пренесувањето на беснило од човек на човек е толку ретко што е речиси нечуено, така што нема ризик за јавноста, се додава.

Слични содржини