Заболување кое многумина може да го „закачат“ заради носење на заштитни маски при високи температури

од Aleksandar Petrovski

Голем дел од населението се соочува со еден проблем што се јавува поради носење маска на високи температури. Ова се акни и мозолчиња кои се јавуваат како резултат на носење маски и затнување на порите во пределот на лицето над кое се шират, а популарно се нарекуваат маскни.

Овој феномен е забележан низ целиот свет, а дерматолозите лесно можат да го објаснат.

– Проблемите со кожата се јавуваат редовно ако маската се носи редовно. Бидејќи голем дел од населението сега носи маски, затоа овој проблем е уште помасовен – посочува дерматологот Ејми Касуф.

Додека разговараме и дишеме, лицето е преплавено со голема количина на топол воздух што создава уште потопла средина што е идеално за бактериите да се размножуваат, нарушувајќи ја рамнотежата на кожата.

– Луѓето кои имаат мрсна кожа се повеќе склони кон овој проблем. Шминка е исто така фактор што го поддржува овој проблем. Затоа, не препорачуваме потешка шминка. Ако е воопшто можно, обидете се да не се шминкате – истакнува Касуф.

Совет на дерматолог е лицето наутро и навечер, а пожелно е и малку да ја хидрирате кожата.

– Пред се, ова е хигиенска работа. Некои типови на кожа се чувствителни, но за да го избегнете проблемот, треба редовно да го чистите лицето, да ја менувате маската и да избегнувате шминка – заклучи дерматологот.

Слични содржини