Забрана за руски бродови на украинските реки

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, го потпиша Законот за внатрешен воден сообраќај, со кој се забранува бродовите под руско знаме да се движат по реките внатре во земјата, објави прес-службата на канцеларијата на шефот на државата.

„Поточно, се утврдуваат условите за работа со внатрешниот воден транспорт, употребата на внатрешните водни патишта и нивните крајбрежни ленти за навигација. Се регулира одговорноста на сопствениците на бродови за кршење на законот за внатрешен воден транспорт и слично. Законот исто така ги имплементира основните барања на директивите и регулативите на ЕУ според Договорот за придружување со ЕУ“, се вели во соопштението.

Владата го поддржа законот на 3 декември и според текстот на законот, им беше забрането да влегуваат во внатрешните водни патишта на Украина на бродовите со знаме на „држава-агресор“  (во јануари 2015 година, украинскиот парламент усвои изјава во која Русија се нарекува „држава- агресор“); бродови кои припаѓаат на граѓани на „држава-агресор“ или физички и правни лица против кои се применети посебни санкции.

Слични содржини