Забрана за сообраќај за камиони само на патниот – правец Маврово – Дебар

од Берта Китинска

Укинати се забраните за сообраќај на премините Плетвар, Стража, Пресека, Буково и Ѓавато. Забрана за сообраќај за тешки товарни возила сега има само на патниот правец Маврово-Дебар.

Претходно АМСМ јави дека сообраќајот на патиштата се одвива по влажни коловози. На повисоките места и низ клисурите има остатоци од кашест снег на коловозите.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие кои што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични содржини