Забранет слоганот „White Lives Matter“, Канје Вест веднаш се пожали на Твитер (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Инстаграм избриша објава на профилот на Канје Вест и ја ограничи неговата употреба на апликацијата поради кршење на правилата, објави „Мета“, која е сопственик на социјалната мрежа. Како одговор, Вест се врати на Твитер за да се пожали на Марк Цукерберг.

Канје беше повикан во петокот од страна на Американскиот еврејски комитет поради објавата на Инстаграм во која инсинуира дека раперот Диди, чие вистинско име е Шон Комбс, е контролиран од Евреи. Објавата на Вест се состоеше од слики од екранот од неговиот разговор со Диди за контроверзните маици „White Lives Matter“ кои ги претстави на модна ревија во Париз.

Во четвртокот, Диди се огласи и ги критикуваше маиците и им порача на луѓето да не ги купуваат или носат. Еден ден подоцна, Вест почна да објавува слики од екранот од неговите СМС пораки со Диди, кој очигледно сакаше да се состане за да разговараат за ова прашање.

Откако беше суспендиран од „Мета“, Канје Вест го објави својот прв твит по речиси две години на Твитер.

Вест, кој законски го смени своето име во „Ye“, објави фотографија од бејзбол капа на која пишува 2024. Маск потоа одговори: „Добре дојдовте назад на Твитер пријателе!“.

По неговиот прв твит во петокот, Вест објави уште една фотографија со извршниот директор на „Мета“, Марк Закерберг, обвинувајќи го дека го исфрлил од Инстаграм.

Во изјава за Си-Ен-Ен Бизнис во саботата, портпаролот на „Мета“ рече дека содржината од налогот на Вест била избришана поради кршење на политиката на компанијата и било поставено ограничување на неговиот профил. Тој не прецизираше за каква содржина се работи ниту какви ограничувања се воведени.

На почетокот на оваа недела, Вест предизвика контроверзии со тоа што на неговата модна ревија во Париз носеше маица „White Lives Matter“ и облече неколку афро-американски манекени во исти маици. „White Lives Matter“ почна да се користи од страна на белите врховисти во 2015 година како реакција на движењето „Black Lives Matter“.

Слични содржини