Забрането плаќање со криптовалути во Русија од 2021 година

од Vladimir Zorba

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се забранува плаќање со криптовалути во Русија.

Законот предвидува дека трансакциите со дигитални финансиски ресурси ќе се вршат од 2021 година, но употребата на криптовалути како средство за плаќање е забрането.

Документот од 107 страници беше објавен на официјалниот интернет портал за правни информации. Документот ги регулира односите што произлегуваат од издавањето, пресметката и прометот на дигиталните финансиски средства.

Законот исто така забранува рекламирање на дигитална валута како метод на плаќање. Граѓаните можат да станат сопственици на дигитални финансиски средства (токени), но само доколку се создадени во рамките на руското законодавство, пренесува Спутник.

Купувањето и продажбата на дигитални средства ќе биде можно во рамките на специјалните информативни системи, кои мора да бидат во согласност со руското законодавство и да бидат вклучени во регистарот на Банката на Русија.

Слични содржини