Забрането рекламирање на обложувалници на дресовите во Ла Лига

од Vladimir Zorba

Од следната сезона на обложувалниците ќе им биде забрането рекламирање на дресовите на фудбалските клубови во шпанската лига.

Според „Ел Паис“, шпанските власти ги заоструваат регулативите во врска со рекламирањето на обложувалници.

Ова ќе влијае на Валенсија, Алавес, Леганес, Гранада, Мајорка, Севиља, Осасуна и Леванте, чиј главен спонзор е компанија за обложување.

Според законот за шпанско рекламирање, четиричасовен прозорец е дозволен за да се рекламираат обложувалници, од еден часот по полноќ до пет часот наутро.

Освен дресови, обложувалниците веќе нема да можат да го спонзорираат името на стадионот или кој било друг аспект на клубовите.

Шпанската влада има намера одлуката за забраната да ја донесе ова лето, но воведувањето беше одложено поради вонредната состојба поради пандемијата на коронавирусот, па новиот закон, кога ќе помине низ Брисел, ќе биде во сила од почетокот на следната сезона 2020/2021 година.

Слични содржини