Забранија присуство на навивачи, па на трибини дојде мечка

од Stefanija Kuzmanovska

Поради пандемијата во Фукушима (северо-источно од Јапонија) во средата, првиот натпревар на Олимписките игри, софтбол натпревар, се одигра без гледачи, но тоа беше причина и некој да се обиде да ги прекрши регулативите – азиска црна мечка, пренесуваат локалните медиуми.

Мечките честопати излегуваат од шумите во Јапонија, па надлежните служби се обидуваат да ги фатат во градот, каде понекогаш ги напаѓаат жителите.

Портпарол на полицијата во Фукушима за АФП изјави дека мечката била забележана околу стадионот во вторникот и повторно се појавила во средата, неколку часа пред да се отвори стадионот за првиот натпревар на кој се натпреваруваат екипите домаќини, Јапонија против Австралија во софтбол.

„Чуварот ја најде мечката во Спортскиот парк Азума рано наутро во вторникот“, рече портпаролот.

„Не можевме да го пронајдеме или фатиме, па иако нема гледачи на стадионот, ние чуваме стража и ја пребаруваме областа за да ја пронајдеме мечката“, додаде тој.

Спортскиот дневен весник „Спорт Хочи“, повикувајќи се на локални медиуми, пишува дека очевидци ја идентификувале мечката како црна азиска мечка.

Дневникот додава дека сите чувари на Олимпискиот стадион го барале животното цела ноќ.

Слични содржини