Забрчанец: На левица-десница им пречел #MKWIN

Специјалистот за односи со јавност во Владата, Марјан Забрчанец се огласи на својот фејсбук профил и посочи дека на партијата Левица и пречеле „македонски победи“, истакнувајќи ја денешната информација на регионалниот сајт „Балкан енерџи њуз“ дека земјава њ на врвот по раст на обновливи извори на енергија во регионот,

„На левица-десница им пречел #MKWIN!

Епа еве уште една тазе победа за македонската енергетска политика, без разлика дали на ботовите од фејкњуз визбите тоа ќе им се допадне или не: “Македонија на врвот по раст на обновливи извори на енергија во регионот!”

„Кипар е единствената земја во регионот, следена од „Балкан Грин Енерџи њуз“ која оствари раст над глобалната стапка за 2020 година – 15,2% до 371 мегавати.

Следната е Северна Македонија, додавајќи 10,1% и завршувајќи ја годината со 827 мегавати. Во Грција, нивото се зголеми за 9,5% до 10,9 GW.

Албанија имаше солиден раст, 6% до 2,3 GW, а капацитетот на обновливи извори на Хрватска напредуваше за 5,1% до 3,2 GW “, цитира Забрчанец дел од истражувањето на медиумот.

Слични содржини