Забрчанец: Се јави Никола Груевски да се спротистави на пописот

од Берта Китинска

Се јави Никола Груевски да се спротистави на пописот. Се јави и им ја расчисти дилемата на сите кои не беа сигурни зошто Мицкоски се труди да го минира најважниот државен проект кој ќе ни овозможи проектирање на реалните потреби на луѓето, плановите за развој и подобар живот.

Сега е потврдено и со писмен доказ, Мицкоски сака на Пописот да се попишат помалку Македонци бидејќи Груевски го бара тоа од него. Доказ за тоа е писанието на бегалецот во кое тој повторува сѐ што деновиве шири како небулоза неговиот извршител.

Фала Никола, ретко гаѓаш, ама овој пат ја погоди, би рекол дури и пред време. Фала ептен.

ФБ статус на Марјан Забрчанец

Слични содржини