Забрчанец: Стеснет е просторот за наместени големи сензации и за евтини манипулации на населението

од Vladimir Zorba

„Најавтентично е кога граѓаните самоиницијативно пружаат отпор на дезинформациите. Демантите никогаш нема да бидат доволни ако не постојат сомнежот и критиката преку кои публиката ги оценува и филтрира вестите“, пишува на својот Фејсбук профил советникот за односи со јавност во Кабинетот на премиерот Зоран Заев.

„Последните примери на самопрочистување на јавниот етер од намерните и ненамерните дезинформации (дедото “казнет” на пешачки, “ненајавено” сечење на исушените јапонските цреши) даваат надеж дека одговорната јавна комуникација може брзо да го најде својот пат до публиката.

Критичкиот однос на публиката кон јавните комуникации ги измачува дезинформаторите од визбите за манипулации. Тој критички однос ги прави и институциите да бидат многу повнимателни и поодговорни во својата презентација на информациите и во пласманот на вести.

Стеснет е просторот за наместени големи сензации и за евтини манипулации на населението. Појдовме низ многу пропагандни трауми, публиката ни созреа.

Плодната почва за лажни вести, почна да одбива и сега станува почва која е плодна за отпор кон манипулацијата“, посочува Забрчанец.

Слични содржини