Забрчанец: Во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, исти ликови, стари политики

од Vladimir Zorba

„СДСМ носи развој и сигурна иднина, ВМРО-ДПМНЕ нуди страв и мрачно минато!“, пишува на својот ФБ профил советникот на Зоран Заев за односи со јавноста, Марјан Забрчанец.

„11 години ДПМНЕ ги држеше платите на најниски стапки за да ги уценува граѓаните. За 2.5 години СДСМ ја покачи минималната плата за 60%, а просечната за 4000 денари.

11 години ДПМНЕ се богатеше, градеше бели палати и се луксузираше со народни пари. За 2.5 години СДСМ ја покачи социјалната помош за сиромашните за 300% и воведе целосна транспаретност во трошењето на државниот буџет.

11 години ДПМНЕ газеше врз човековите права и слободи и врз медиумите. 2.5 години живееме во целосна слобода и во крајно демократски општествен амбиент.

11 години ДПМНЕ работеше на затворање на земјата, изолација и кавги со соседите. За 2.5 години со СДСМ Северна Македонија стана членка на НАТО и земја со исклучително високо почитување во регионот и меѓу западниот демократски свет.

11 години ДПМНЕ ги држеше граѓаните во манипулација со постојани меѓуетнички тензии. За 2.5 години СДСМ целосно ги релаксираше меѓуетничките односи и овоможи амбиент каде различните можат да живеат заедно со меѓусебна почит.

СДСМ постојано се бори и носи подобро. Во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, исти ликови, стари политики“, посочува Забрчанец.

Слични содржини